Во мотел во Битола биле пронајдени телата на триесетгодишен маж и 27 годишна жена.
Двајцата престојувале во мотелот и биле регистрирани како гости на 24 октомври, а оттогаш не ја напуштиле собата. Персоналот се загрижил и насилно влегол внатре кога виделе две тела пред распаѓање.
Телата биле голи и пронајдени покрај тоалетот. По наредба на јавниот обвинител ќе следува обдукција.