Жељко Јоксимовиќ, по повод денешната прес-конференцијата која беше најавена како инфо за неговиот голем концерт кој што ќе се одржи на 21-ви јуни во арената „Филип Втори“ откри и детали за тоа заедно со Даниел спонтано снимиле песна, која носи наслов „Скопје – Белград“.
Имено, како што вели тој се работи за песна која ги поврзува Југословенските народи.
– Седев во студио и дојде Даниел. Всушност, кога и да дојде тој ние како по навика веднаш започнуваме нешто да свириме, работиме или пееме. Тоа го правевме додека траеше X-Factor и тоа сега така остана. Сосема случајно почнав да свирам нешто на гитара, додека Даниел смисли интересен текст. Без двоумење, почнавме да снимаме и за 5 часа песната беше готова.
Јоксимовиќ денеска го искористи денот и да сними дел од спотот во Скопје, а останатиот дел го снима Даниел во Белград. Како што ни кажа Жељко, оваа песна се очекува да излезе за неколку дена, со цел фановите да можат да ја слушнат пред концертот, каде што тие двајца заедно ќе ја промовираат во живо.
– Кога и да дојдам во Скопје, воодушевен сум од гостопримството што го добивам, од луѓето, како и од вкусот на храната. Секогаш со мене доаѓаат моето семејство и најблиските пријатели, а тие се фасцинирани од тоа колку публиката ги знае моите песни. Знам дека добро ќе се најадам и ќе си поминам одлично. Секоја сала грми од нив, изјави Жељко.
Зад концертот стои „План Б Продукција“, а цената на билетите е од 200 до 400 денари.