Жељко и Леонтина се однесуваат како да не се познаваат

На настан за доделување на признанија за траен придонес во културата, во Белград, се појавиле и старите љубовници кои не размениле ниту збор.

И покрај тоа што ја обновија соработката кога Леонтина ја напиша песната „Лудак као ја“ за Жељко, двајцата и понатаму не сакаат да рзговараат.

Српските медиуми пишуваат дека на гореспоменатиот настан што се одржал во Белград, поранешната двојка не разменила ниту збор.

Жељко и Леонтина беа во врска пред повеќе од 10 години, а сега дури ни „за мачкање на очи во јавноста“ не си честитале по повод  признанијата што свечено им биле врачени.

Леонтина ја напуштила салата веднаш откако ја добила наградата, со изговор дека имала многу обврски.

Потсетуваме, Леонтина и Жељко ја обновија соработката на инсистирање на неговата жена Јована, која ја замолила пејачката да му напише песна. Леонтина тогаш објасни дека не контактирала со Жељко, туку со Јована, на која што и ја испратила песната по мејл.

Инаку, Леонтина и Жељко беа лани во заедничка епизода на X Factor, кога пејачката беше гостинка во куќата на судиката Кристина Ковач. Двете се претставија како колешки и најдобри пријателки, па можеби тоа е и клучот зошто Жељко не можеше да најде заеднички јазик со неговата колешка меѓу минатогодишните судии на X factor.

- Реклама -