Српскиот пејач и член на жирито на регионалниот X Factor, Жељко Јоксимовиќ, покажа со своето однесување во последно време дека нема „влакна на јазикот“.
После неколку дена откако на социјалните мрежи имаше „препукување“ со колешката од жирито, Кристина Ковач, Жељко Јоксимовиќ сега „завојува“ со српскиот геј активист Предраг Аздејковиќ, исто така на социјаните мрежи.
„Сето ова не би ни било ако Јоскимовиќ не го „закачаше“ нашиот драг Фи, Фифи. Не се плашам ако ме тужи, затоа што тоа би значело дека хомусексуалноста е навреда, што е против нашиот закон. Генерално, ја него можам да го тужам затоа што шири омраза, но мене тоа не ми паѓа на памет. Јоксимовиќ самиот избра вакво однесување поради лични фрустрации“, рекол Предраг за српските медиуми, додека го осудува коментарот на Јоксимовиќ за трансексуалниот натпреварувач, Филип од Скопје, наречен Фифи, кој на Јоксимовиќ никако не му се допадна.
Јоскимовиќ како член на жирито беше непријатен кон Филип, што резултираше со тоа Аздејковиќ во една емисија да го укори Јоксимовиќ. Кога водителот, во духот на шоуто, го праша дали ја поминал „младешката фаза на експериментирање“, алудирајќи на хомосексуалност, Задејковиќ рекол: „Па, сеуште не дошла онаа вистинската, но кога ќе дојде, јас ќе се оженам како Жељко“.
На Твитер напишал и: „тој ќе мора да користи пудра како Јоксимовиќ затоа што тоа е најдобар начин да пронајде жена“, а пејачот на тоа остро одговорил: „Тргни се педеру“.