Жбогар: Сега треба да се воздржиме од ветувања

Евроамбасадорот во земјава – Самуел Жбогар, вели дека Европската унија го разбира разочарувањето на граѓаните и политичарите од негативната одлука на Европскиот совет, а токму поради таа причина избегнува и да одговори дали очекува земјава да добие датум во мај идната година, на Самитот на ЕУ во Загреб.

„Испорачавте сѐ што беше побарано од вас, го исполнивте вашиот дел. Но во Европската Унија одлуките за овие прашања се носат едногласно, а за жал ние повторно го одложивме ова прашање“, вели тој во интервју за МИА, додавајќи дека ЕУ сега треба да се воздржи од ветувања. Унијата ветуваше датум во јуни лани, во јуни годинава и сега пак во октомври, истакнува Жбогар, и затоа е подобро сега сите да се фокусираат на вистинските потребни промени.

Според него, ЕУ останува посветена на Северна Македонија и на регионот.

- Реклама -