Младите женски шимпанза од националниот парк Кибале во Уганда користат стапчиња како кукли и се грижат за нив исто како што нивните мајки се грижат за нив. Во 14 години истражување се забележани над 100 случаи на вакво однесување кое е многу ретко кај мажјаците.
„Стапчињата немаат никаква функција, шимпанзата едноставно ги носат наоколу, некогаш само неколку минути, некгоаш со часови“ изјавил водачот на истражувањето Ричард Рангам, биолошки антрополог од Харвард. „Шимпанзата редовно ги носат стапчињата во местото каде што спијат, појава која не е забележана со било кој друг предмет.“
Оваа студија е првиот случај во кој диви животни од различен пол биле забележани да си играат различно со предмети, нешто претходно забележано само кај луѓето и мајмуни израснати во заробеништво. Кај мајмуните пораснати во заробеништво, женките обично преферираат кукли, додека мажјаците си играат со „машки“ играчки, како камиончиња.
„Фактот што машките и женските мајмуни во заробеништво преферираат играчки според нивниот пол наведува дека постои некоја биолошка разлика која ги тера да одберат одреден тип на играчка. Но сè уште не знаеме каква е врската со приматите во дивината“ вели Соња Каленберг, биолог од Бејтс Колеџот во Мејн. Студијата ја подржува теоријата дека постои биолошко потекло на изборот на играчки кај половите, бидејќи младите шимпанза во дивината не ги гледаат своите родители да ги третираат стапчињата како играчки. [Chimp “Girls” Play With “Dolls” Too – First Wild Evidence]