Женскиот оргазам го исклучува мозокот, а телото станува машина

За време на оргазам кај жената, градите се зголемуваат, бојата на кожата се менува, мускулите се грчат, а поради зголемениот проток на крв во телото и ерогените зони, мозокот има помало количество на крв и “паѓа во несвест”. Со еден збор, телото станува секс машина.

Научниците на Универзитетот во Квинс во Кингстон откриле дека, хетеросексуалните жени иако тврдат дека тие се возбудуваат само на мажи, резултатите од мерењата на физиолошките знаци на возбуда (протокот на крв во вагината) покажуваат поинаку.

Повеќето од анкетираните жени почувствувале возбуда на било какви сексуални стимуланси, без разлика дали станува збор за фотографии на машко или женско голо тело, хетеросексуални или хомосексуални односи, па дури и додека гледале документарци за зајаци. На кратко, жените може да се возбудат во многу поширок спектар на ситуации, а ова е така, поради тоа што жените се помалку подложни на пот и чудни мириси за време на сексот.Истражувањето покажало дека кога жените се возбудени, стануваат отпорни на надворешните фактори, односно, мала е веројатноста дека некои работи ќе им бидат одвратни.
r_650_433_orgasm

И во мозокот за време на сексот се одвиват многу повеќе работи отколку што мислите. На Универзитетот Ратгерс спроведена е серија на истражувања, со користење на магнетна резонанца, која покажала дека различни делови на мозокот се активираат како последица на стимулирање на вагината, грлото на матката, клиторисот и брадавиците.

Степенот на толеранција за болка за време на сексуалната возбуда може да се зголеми значително. Поради овие причини, интезивното грицкање и влечење за коса,не ве боли како и обично. Иако овој фактор помага при пенетрација, има и негативна страна, а тоа се честите визички повреди, кои ги согледуваме откако ќе заврши сексот.

Наредниот пат кога ќе се најдете во жешка прегратка, обрнете внимание што се случува со вашите гради. Како што расте возбудата и протокот на крв, вашите брадавици ќе се стврднат и ќе потемнат. Истражувањата покажуваат дека кај некои жени градите набубруваат за време на сексуалното возбудување, па дури можат и да се зголемат.
206073_sex2_f
За време на сексот се зголемува температурата на лицето и телото, што објаснува зошто поцрвенуваат. Покрај тоа, забрзаниот протокот на крв и забрзано чукање на срцето предизвикува “сексуално руменило” кај многу луѓе. Ова дури може да предизвика и нафрлање по лицето и телото, но откако возбудата ќе стивне, осипот ќе исчезне.

Ако сте помислиле дека вашиот мозок се исклучува за време на оргазмот, не сте далеку од вистината. Сите ваши движења и гестикулации се несвесни во тој момент, покажало скенирањето на мозокот во тој “незгоден” момент. Кога жената доживува оргазам, амигдалата е блокирана. Тоа е дел од мозокот кој управува со реакциите во ситуација на страв и тегоби.

Исто така додека трае оргазмот, мускулите на нозете, рацете, вратот, стомакот и на лицето се грчат, а тоа е припрема за активација на вагиналните мускули.

Вилијам Мастерс и Вирџинија Џонсон ги извршиле наведените истражувања.

- Реклама -