Најголемите женски тајни

Иако карактеристиките на секој човек во најголема мера се одредени од индивидуалноста, постојат одредени одлики што се заеднички за повеќето припадници на една иста група. Овде ќе ги разгледаме најголемите женски тајни.

И жените се плашат од брачните одговорности

Обично меѓу народот е познато дека жените се тие кои сакаат да бидат во брак додека мажите го одложуваат, но многу истражувања го негираат ова. И жените исто така се плашат од брак и брачни одговорности, така што потполно со сигурност можеме да кажеме дека по ова прашање жените генерално се истомисленици со мажите.

Жените лажат за цените

Во многу истражувања е потврдено дека речиси секоја жена лаже за цената на одреден производ. Според истражувањата, жените секогаш кажуваат за 20 проценти пониски или повисоки цени, но најчесто кажуваат повисоки цени.

Жените често размислуваат за секс

Иако сите добро знаеме дека мажите се тие кои се секогаш напаѓани дека се преокупирани со сексот, факт е дека според многу истражувања жените подеднакво размислуваат за секс како и мажите, само што се многу по срамежливи за да зборуваат за тоа во јавност.

Жените повеќе тајни откриваат на пријателката отколку на партнерот

Ова е неоспорлив факт, жените повеќе ѝ откриваат на пријателката отколку на партнерот. Партнерите се менуваат, а пријателката останува – ова е логиката според која се води секоја жена.

Жените сакаат малку љубомора

Нема жена која би сакала да има посесивен партнер кој е љубоморен на секој маж во околината, но исто така и нема жена која не пробала во одредени моменти да го направи љубоморен партнерот за да му привлече внимание. Жените сакаат малку љубомора бидејќи со тоа ја потврдуваат вашата љубов кон нив.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -