Жените во триесетите години се повеќе склони кон секс на првиот состанок, за разлика од помладите девојки, покажуваат резултатите од најновите истражувања.
Истражувањето што го спроведе сајтот datewithamate.com покажува дека дури 34 отсто од жените кои се во третата декада од својот живот би прифатиле секс на првиот состанок, додека тоа би го направиле само 12 отсто од жените кои се на возраст меѓу 24 и 27 години.
Исто така, испитаниците биле прашани дали некогаш запознале партнер преку Интернет и дури 45 отсто дале потврден одговор.
Истражувањето беше спроведено со цел подобро да се разбере притисокот што девојките го чувствуваат на првиот состанок, а во него учествувале 1171 жени од Велика Британија.