Жените потешко се откажуваат од цигари

Доколку сте жена и едноставно не можете да престанете да пушите, немојте веднаш себеси остро да се обвинувате бидејќи научниците од Питсбург велат дека бројни програми и препарати се наменети за мажите, а не се земени во предвид специјалните потреби на жената кога е во прашање одвикнување од пушењето.

Разните комбинации различно делуваат, научниците велат дека на пример никотинскиот фластер и никотинската гума за џвакање делуваат подобро на мажите, додека антидепресивните таблети покажуваат посилен ефект кај жените.

Научниците велат дека препаратите кои во иднина ќе се прават треба да бидат различни за мажите и за жените. За жените е потребен специјален препарат и специјална програма за одвикнување од пушењето.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Научниците се надеваат дека нивниот предлог ќе биде земен предвид и дека наскоро ќе можеме да видиме различни препарати и програми против пушење и за мажите и за жените.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -