Жена нападната од гепарди (видео)

Виолет де Мело го прославувала својот 60-ти роденден во резерват за животни во Јужна Африка, во кој животните биле толку питоми што на посетителите им е дозволено да ги галат. И тогаш…

Во некој миг од приказната што се одвивала во паркот Крага Кама во Порт Елизабет, инстинктот на гепардите, најбрзите цицачи на планетава, се активирал и тие тргнале по мало девојче кое исто така било во затворениот дел. Виолет отишла да му помогне на девојчето, по што гепардите, инаку браќа, се пуштиле по неа и започнале силно да ја гризат и да ја удираат со шепите, по вратот, стомакот и колковите.

За сето ова време, нејзиниот сопруг Арчи храбро го фотографирал настанот.

{youtube}7lBXgLEGhx8{/youtube}

- Реклама -