Моќниот земјотрес во Непал од 25 април ја намалил висината на Монт Еверест, соопшти The Huffington Post повикувајќи се на податоци од неколку истражувачки групи.
Според податоците на невладиниот конзорциум за геофизички истражувања UNAVCO, највисокиот планински врв на планетата се смалил за 2,54 сантиметри како последица на силниот земјотрес.
Заклучоците на научниците се направени врз основа на податоци од европскиот сателит „стража-1“, кој помина над Џомолунгма на 29 април.
За разлика од нив, проф. Роџер Билхам од Обединетиот институт за истражување во областа на заштита на животната средина го проценува намалувањето на висината на Еверест со потценувачки мали 1-2 милиметри. Затоа пак, според неговите податоци, планинскиот масив Анапурна, кој исто така се наоѓа на Хималаите „пораснал“ за цели 20 сантиметри.
Германскиот вселенски центар исто излегува со заклучок дека дел од земјината површина во реонот на Катманду, со површина над 2500 кв.км. се подигнала за околу 91 сантиметри од претходното ниво.
Сите научници ја објаснуваат промената во релјефот со слабеење на тензиите во кората по подземните удари.
Прочитај повеќе: Земјотресот во Непал прикажан преку фотографии
Прочитај повеќе: СТРАШНО ВИДЕО Беспомошни оставени на милост и немилост пред лавината на Хималаите