Земјотресот во Чиле ја измести земјината оска и го скуси денот

Земјина оскаЗемјотресот што се случи во Чиле на 27 февруари ја измести земјината оска и го скуси денот, потврдија научниците од НАСА.

Земјотресот што се случи во Чиле на 27 февруари ја измести земјината оска и го скуси денот, потврдија научниците од НАСА.

Земјина оскаСо помош на компјутерски симулации, научниците на НАСА потврдија дека катастрофалниот земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Чиле на 27 февруари, ослободил енергија од 66,6 ексаџули од Земјата и некои непредвидени последици.

Во првиот момент се мислеше дека најлошото нешто што ќе произлезе како последица од земјотресот ќе биде серија цунами што ќе се случат во Пацификот. Но, подоцна беше утврдено дека се случиле промени во рељефот (островот Санта Марија бил благо поместен и подигнат 2 метри), а веројатно најважно е тоа што масивниот удар ја изместил земјината оска за цели 8 сантиметри. Сево ова резултирало со скусување на денот, кој сега ќе трае 1,26 микросекунди помалку. Можеби и не изгледа страшно, на прв поглед, но имајте на ум дека вакви ситни поместувања се случуваат при секоја помасивна тектонска активност. [Chilean Quake Likely Shifted Earth’s Axis, NASA Scientist Says] Update: Chile Earthquake Moved Entire City 10 Feet to the West

Прочитајте и:  Над 60 последователни земјотреси на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5.2 степени
- Реклама -