Силниот земјотрес го поместил островот Закинтос

По силниот земјотрес од 6.4 степени кој го погоди рано утрото во петокот, грчкиот остров Закинтос е поместен за најмалку 3 сантиметри кон југозапад. До ваквиот податок е дојдено врз основа на дигиталната обработка и анализата на радарските снимки направени од сателитот Sentinel-1 на ЕУ и Европската вселенска агенција (ESA), дел од програмата Copernicus. Информацијата ја потврди директорот на секторот за истражување при Институтот за геодинамика на Атинската национална опсерваторија – Атанасиос Ганас.

Поместувањето е по хоризонталната оска, додека вертикално поместување не е забележано. Во моментов се истражува и дали земјотресот предизвикал поместување и во околните области.

Земјотресот беше регистриран во 1:54 часот по локално време, со епицентар во Јонското море, околу 130 километри југозападно од Патрас (или Патра) на Пелопонез, и околу 50 километри јужно од Закинтос, на 14 километри под морското дно. Беше почувствуван дури и во Италија, Малта, Албанија и Либија.

Прочитајте и:  Над 60 последователни земјотреси на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5.2 степени
- Реклама -