Земјотрес почувствуван во Охрид – 360 степени

Земјотресот се случил во 14 часот и 7 минути, на 15 километри од Охрид, на длабочина од 10 километри

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Македонија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот се случил во 14 часот и 7 минути, на 15 километри од Охрид, на длабочина од 10 километри.

Нема информации за повредени или материјална штета.

Граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека земјотресот траел кратко, но дека го почувствувале.

Земјотресот бил почувствуван на повеќе места во Охридско-струшкиот Регион, како и во дел од пограничните подрачја со Р. Албанија.

- Реклама -