Земјотрес од 4,5 степени го погоди грчкиот остров Евија, почувствуван и во Атика

Засега нема информации за евентуални материјални штети

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Евија неколку минути пред 23 часот, соопшти Геодинамичкиот институт од Атина.

Длабочината на земјотресот била 15,4 километри, додека епицентарот на четири километри југоисточно од Василики Истија.

Сеизмичкиот потрес особено бил почувствуван во Атика, пренесува „Катимерини“.

Европско-медитеранскиот институт ја процени јачината на земјотресот на 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема информации за евентуални материјални штети.

- Реклама -