Пет земјотреси изутрината биле регистрирани во Грција, од кој најсилниот бил со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресите се случиле на брегот на Касандра кај Халкидкии во Солун, а епицентрите биле на длабочина од десет километри.
Првиот земјотрес се случил во шест часот и 56 минути, а последниот во седум и 39 минути.
Нема информации за евентуални човечки жртви или причинета материјална штета.