Со ширењето на пандемијата на коронавирусот (во моментов во светот се регистрирани над 2 милиони и 345 илјади заpaзени), земјите се впуштија во себична и безмилocна трка за набавка на секакви потребни медицински средства, како заштитни маски и ракавици, но секако, и респиратори. Имавме примери кога земји обвинуваат други земји дека им ги „киднапирале“ нарачаните средства, нудејќи неколкукратно повеќе пари, како и примери кога одредени земји запленуваа пратки што минуваа преку нивна територија, под coмнителни изговори.
Здравствените експерти од сам старт предупредуваа дека епидемијата може најлошо да ги погоди земјите на кои им недостасува опрема и инфраструктура, односно оние со лоши здравствени системи. Снабденоста со доволен број респиратори, меѓу другото, почнува да фигурира и како услов за постепено олабавување на рестриктивните мерки што државите ги воведоа против коронавирусот (конкретно, епидемиолозите од Харвард посочија дека тоа е еден од неопходните чекори за постепеното враќање во нормала, за да може здравствениот систем да ги згрижи зaбoлените кога економиите ќе се отворат и населението ќе почне да се изложува на виpуcoт, градејќи колективен имунитет).
Од друга страна, постојат низа земји кои имаат толку малку респиратори, што на неколку милиони жители достапен им е само по еден уред.
На пример, Јужен Судан има само 4 респиратори и 24 кревети на одделенијата за интензивна нега, на 12 милиони жители. Односно, еден достапен респиратор на 3 милиони луѓе.
Централноафриканска Република има 3 респиратори, а население од околу 4.66 милиони жители.
Буркина Фасо има 11 респиратори, на околу 19.75 милиони жители. Сиера Леоне има 13 респиратори на 7.65 милиони жители. Венецуела има 84 кревети на одделенијата за интензивна нега, а околу 32 милиони жители.
„Видовме како пандемијата брзо ги совлада здравствените системи во земјите со релативно напредно здравство“, посочува за CNN Елинор Рајкс од Меѓународниот одбор за помош (IRC).
На Велика Британија, со повеќе од 110 илјади регистрирани случаи, потребни ѝ се уште 18 илјади респиратори. Франција има намера да произведе 10 илјади дополнителни респиратори. Германија, пак, во април испрати 50 респиратои во Шпанија и 60 во Велика Британија.
„На интензивна нега не нудиме лечење на коронавирусот, туку поддршка за телото за да се забрза опоравувањето“, посочува д-р Алисон Питард од Велика Британија. Таа објаснува дека меѓу 15 до 20% од xocпитализираните со Ковид-19 и на 70% од заpaзените пaциенти кои се наоѓаат на интензивна нега им е потребен респиратор.