Земјава меѓу рекордерите во фpлaњe храна, наскоро закон и стратегија за cпpaвyвaњe со вишоците

Македонија се наоѓа на осмото место во светски рамки по количините фpлeна храна според бројот на жители. Според организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Исто така ставени и на листата рекордери во загуба и отпад од храна, а истовремено се соочуваме со неможност да обезбедиме доволно храна за ранливите социјални категории. Бројките се многу загрижувачки и покажуваат дека 460.000 жители во нашата држава немаат постојан пристап до храна.

Трендот во загубите е нагорен и околу 30 отсто од храната произведена или увезена, никогаш не се консумира, бидејќи се расипува веднаш по берењето во текот на транспортот или е фpлeнa од големите трговски синџири и потрошувачите, рече министерот за земјоделство Трајан Димковски на денешната консултативна работилница за креирање стратегија и надминување на овој проблем.

Покрај негативниот ефект врз животната средина, соочени сме, дополни Димковски, и со големи количества храна кои завршуваат на отпад, наместо да стигнат до оние на кои им се најпотребни.

– „Ова е загрижувачки податок кој јасно укажува на важноста на проблемот и потребата од усогласени политики и преземање акција на сите нивоа. Со намалување на отпадот и дистрибуција на вишокот храна до луѓето на кои им е потребна, би можело значително да се ублажат гладта и сиромаштијата кај нас“, нагласи министерот Димовски.

Министерот го најави новото законско решение кое ќе овозможи донирање на вишокот храна и нејзино безбедно завршување кај paнливитe категории граѓани. Законот е во владина процедура, а беше инициран од невладината „Ајде Македонија“.

Раководителот на Секторот за јавно ветеринарно здравство во Агенција за храна и ветеринарство, Сашко Арсов вели дека предлог-текстот предвидува организирање соодветен систем за донирање на храната, негово спроведување преку формирање посебна група оператори со храна кои ќе работат со донираните количини, одредување категории на корисниците на храната и мерки за безбедноста на донираната храна.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -