Новата премиерка на Финска, Сана Марин, воведува четитри работни дена во неделата и шестчасовно работно време.
– „Сметам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своите семејства, со најблиските, да се посветат на своите хобија и други аспекти на животот, како што е културата. Ова би можело да биде следниот чекор во нашите работни животи“, рече таа, пренесува Дејли Меил.
Пред да стане премиерка, Марин беше министерка за сообраќај на Финска и се залагаше за скратување на работната недела.
Инаку, во моментот работното време изнесува осум часа на ден, пет дена неделно во Финска.
Финска може да биде првата земја во светот каде работната недела ќе има само четири работни дена, а работното време ќе биде скратено на шест часа дневно по идеја на новото државно раководство предводено од Сана Марин.
Од 1996 година финските работници имаат право да ја почнат или да ја завршат работата три часа порано или подоцна.
Шведска во 2015 година пробно воведе шестчасовно работно време и се покажа дека вработените се посреќни, побогати и попродуктивни.