Според научниците Сонцето наскоро ќе помине низ необичен долг период на хибернација која би можела да предизвика мини ледено доба на Земјата. По 2020 година, периодот по кој научниците предвидуваат исчезнување на сончеви дамки, би можело да дојде до пад во глобалното затоплување.
Иако ефектите на помирно сонце се генерално добри – ќе има помалку проблеми за сателитите и енергетските мрежи – би можело да дојде до голема промена во глобалното затоплување. Отсуството на сончеви дамки не е ситуација без преседан. Истото се има случено и претходно, последниот пат во осумнаесетиот век. Главниот истражувач Френк Хил, од Националната Соларна Обсерваторија, изјавил: „Сончевиот циклус би можел да има прекин, слично како летната пауза на телевизиските серии.“
И додека научниците не знаат зошто Сонцето ќе помине низ оваа пауза, сите знаци посочуваат кон тоа. Доктор Хил и неговиот тим ги направиле своите предвидувања врз основа на три промени кои научниците ги забележале кај Сонцето – пад во активноста на сончевите дамки; помалку сончеви ерупции од половите на сончевата корона; и ослабениот сончев ветар. Доктор Ричард Алтрок, еден од авторите на студијата и астрофизичар кој работи во Истражувачката Лабораторија на Военото Воздухопловство, вели дека овие знаци посочуваат кон „голема веројатност дека Сонцето би можело да помине низ состојба од која ќе му треба долго време за да се опорави.“
Нивните предвидувања се специфично насочени кон сончевиот циклус кој започнува во 2020 година. Експертите велат дека Сонцето веќе е нобично тивко во последните четири години со само неколку сончеви дамки. Огромното магнетно поле не Сонцето го одредува сончевиот циклус, кој ги опфаќа и сончевите дамки, сончевиот ветар и исфрлањето на брзи честички кои понекогаш стигнуваат до Земјата. Секои 22 години, магнетното поле на Сонцето го менува поларитетот, создавајќи циклус на сончеви дамки кој трае 11 години.
Во периодите со најголема активност, како 2001 година, сончеви дамки се јавуваат секој ден и почесто се случуваат сончеви ерупции и бури кои им штетат на сателитите. Овој месец, Дејвид Хатавеј, врвниот експерт за сончеви бури од NASA, предвидел дека сегашниот циклус, кој започнал околу 2009 година, ќе биде најслабиот во последните сто години. Мет Пен од Националната Соларна Обсерваторија, уште еден од авторите на студијата, вели дека силата на магнетните полиња на сончевите дамки е во постојан пад уште од 1998 година.
Ако продолжат со сегашното темпо, тогаш тие магнетни полиња би биле премногу слаби за да станат дамки. Постојат прашања за тоа што ова значи за климата на Земјата. До сега трипати се случило 11 годишниот соларен циклус да има продолжен одмор – во исто време како и студени периоди на Земјата. Скептиците кои веруваат дека користењето на фосилни горива не е причина за глобалното затоплување често ја посочуваат сончевата сончевата радијација како можна причина за загревањето на Земјата, но тие се малцинство помеѓу научниците.
Господинот Хил и неговите колеги не сакаат да дискутираат за ефектите на тивко сонце врз температурата или глобалното затоплување. Тој изјавил: „Ако нашите предвидувања се точни, ќе имаме прекрасен експеримент кој ќе утврди дали Сонцето има било каков ефект на глобалното затоплување.“ [Earth facing a mini-Ice Age ‘within ten years’ due to drop in sunspot activity]