Земан до Чесите: Летово уживајте дома, патувањата во други земји ќе бидат забранети во текот на целата година

„Ова лето уживајте во убавините на нашата земја“, им порача на граѓаните чешкиот претседател Милош Земан, посочувајќи дека патувањето во други земји ќе биде забрането во текот на целата година како резултат на пандемијата на Ковид-19.

Во радио интервју во неделата Земан рече дека сегашните ограничувања на границите треба да траат една година „за патниците да не донесат нов бран на зараза од патувањата во земји каде епидемијата не е завршена“.

Кон средината на март, Чешка воведе забрана за влез и излез од земјата, со цел да го спречи ширењето на новиот коронавирус. Изземени од забраната се оние кои патуваат на работа, возачите на камиони и лицата со важна причина да одат во друга земја, како што е медицински третман.

Туристичките компании претходно бараа на Чесите барем да им се дозволи да патуваат во Словачка и Хрватска, кои се особено популарни туристички дестинации меѓу нив и каде се ретки случаите на инфекција со коронавирус.

Хрватскиот министер за туризам во петокот најави дека ќе разговара со чешкиот колега со цел да се изнајде можност за туристички „мост“, односно чешките туристи да доаѓаат во Хрватска.

 

- Реклама -