Рускиот претседател Владимир Путин во синоќешното телевизиско обраќање до нацијата рече дека Русија вчера истрелала хиперсонична балистичка ракета со среден дострел врз украински воен објект како одговор на употребата на американски и британски ракети од страна на Киев
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот напад врз Украина со нов тип балистичка ракета е јасна и сериозна ескалација во војната и повика на силна осуда од меѓународната заедница.
„Ова е јасна и сериозна ескалација на големината и бруталноста на оваа војна. Употребата на балистичка ракета против Украина денеска е уште еден доказ дека Русија не е заинтересирана за мир“,
наведе Зеленски на социјалната мрежа Икс по нападот на градот Днипро во центарот на земјата.
Тој додаде дека Путин го тестира светот, дека тоа е она што го прави и дека само решителна реакција од Западот може да го спречи.
„Светот мора да одговори“,
рече Зеленски.
Рускиот претседател Владимир Путин во синоќешното телевизиско обраќање до нацијата рече дека Русија вчера истрелала хиперсонична балистичка ракета со среден дострел врз украински воен објект како одговор на употребата на американски и британски ракети од страна на Киев.
Во коментарите на Икс, Зеленски рече дека признавањето на Путин за употребата на новото оружје е уште една ескалација во војната по распоредувањето на севернокорејските трупи на руска територија.
„Путин не само што ја продолжува војната, тој им плука во лице на оние во светот кои навистина сакаат да го вратат мирот. Светот мора да одговори. Во моментов нема силна реакција од светот… Недостигот на остри реакции на постапките на Русија испраќа порака дека таквото однесување е прифатливо“,
напиша Зеленски.
Today, Putin admitted to taking a second step this year toward escalating and expanding this war. A new ballistic missile was used. Putin struck our city of Dnipro, one of Ukraine’s largest cities. This is a clear and severe escalation in the scale and brutality of this war—a…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 21, 2024