Зеленото воскреснување на Сахара

cover_1459626355

Во The Martian, Марк Вотни (Мет Дејмон) преживеа повеќе од година и пол на Марс, и тоа одгледувајќи компири. Амбициозниот проект за одгледување на зеленчук во тунизискиот дел на Сахара, од друга страна, не е дел од сценариото за вториот дел од хит филмот, туку реалност.

Станува збор за проект на норвешката организација Sahara Forest Project (SFP), кој ќе чини околу 30 милиони долари. Целта е да се регенерира природата на Сахара, да се обезбеди свежа храна и вода и истовремено да се создадат можности за работа на локалното население. Можеби знаете, но некогаш одамна Сахара била прекриена со живот и обилна вегетација. За жал, драстичните климатски промени довеле до нејзиното речиси целосно обезлуѓување и соодветно исчезнување на повеќето видови егзотични животни и растенија од регионот. Овој амбициозен проект на норвешката компанија се стреми токму кон тоа да го направи обратното.

3_1459626351

Стремежот е да се вдахне нов живот во пустината преку развојот на зелената економија. Проектот се очекува започне во 2018 година, а ќе опфати 10 хектари од пустината, која зазема 75% од територијата на Тунис.

„Идејата ни е да оствариме три цели истовремено“ – Вели Јоаким Хауге – извршен директор на компанијата. „Нешто што ќе има смисла од финансиска гледна точка, но и од аспект на повеќе бенефиции за општеството и животната средина“ – Додава тој.

1_1459626350

Така, компанијата има развиено модел кој се базира на употребата на природни ресурси кои ги има во изобилство. На пример, сончевата енергија ќе се користи за снабдување на ултрамодерниот објект со топлина и енергија. Морската вода ќе се користи за ладење на стаклениците и ќе овозможи култивирање на посевите преку целата година – процес наречен „биомимикрија“, инспириран од намибискиот пустински бумбар, кој ја складира водата од росата и океанската магла за понатамошна, лична употреба. Дополнително, морксата вода ќе се обезсолува, со цел добивање на сол и свежа вода, а влагата на стакленици ќе се користи за стимулирање на растот на нови растенија надвор од објектот. Со ваквите чекори, постепено ќе може да се регенерира и поширокиот екосистем.

6_1459626352

Колку и плановите да звучат неостварливо, сличен проект во кој се користат речиси истите методи кои ќе се користат и во Сахара е веќе е спроведен во Катар, каде SFP, во соработка со компаниите Qafco и Yara International ASA – бележи голем успех. Проектот води до три реколти во рамките на една година, што е небаре на исто ниво со успехот на европските фарми, а бројот на растенијата надвор од објектите е повеќекратно зголемен. Во моментов, слични објекти SFP гради и во Јордан.

Според Хауге, ефикасноста на компанијата нагло е порасната, најмногу заради тоа што научиле како да ја адаптираат стратегијата кон различните и специфични услови на секоја земја.

5_1459626352

Компанијата овозможува и шанса за локалното население на Тунис да учествува во проектот – луѓето ќе можат да аплицираат за различни позиции поврзани со проектот, како во делот на грижа за посевите, така и во развивањето на нови методи и стратегии кои евентуално да бидат имплементирани во проектот. Сонот на Хауге е дека проектот ќе придонесе за растот на обновливиот сектор во Тунис.

А Тунис не е избран случајно. Тоа се случи на 9-ти октомври 2015 година – денот кога група Тунижани добија Нобелова награда за мир, како резултат на нивната улога во т.н. „Жасминова револуција“ во 2011 година, која во земјата доведе до транзиција кон демократија. „Тунис секогаш ни беше интересен од физичка гледна точка, но политичките настани дополнително го зголемија нашиот интерес“, вели Хауге. Истиот тој ден SFP успева да го убеди Министерството за надворешни работи на Норвешка дека новата мисла во Тунис е совршена средина за развој на проектот, па компанијата брзо ги обезбедува потребните спонзори и инвестиции.

9_1459626354

Туниски влада исто така го поддржа проектот – оваа африканска земја има итна потреба од решенија за проблемите со климата, кои доведуваат до чести периоди на суша и поплави. Неодамна, земјата и официјално објави дека има за цел до 2030 година да стигне до позиција каде 30% од вкупната енергија ќе добива од обновливи извори, за разлика од скромниот 1% од 2015 година.

„Обновливиот сектор може да се покаже многу добра транзиција за нашата економија, особено по успехот на политичката транзиција“ – Вели Амар бин Лами – амбасадор на Тунис во Норвешка и клучен поддржувач на проектот.

4_1459626351

И покрај јасната стратегија, норвешката компанија и нејзините партнери ќе треба да работат многу напорно за да ги постигнат целите во Тунис и регионот. Еден од најголемите проблеми се песочните бури кои постојано ги покриваат соларните панели и навлегуваат во секоја машина која е оставена неизолирана.

Но, се чини дека компанијата има некаков кец во ракавот и на тоа поле, бидејќи изгледа цврсто решена да постигне успех и надвор од Тунис. Во процес на изготвување веќе се и планови кои ги надминуваат Тунис и Јордан, а се состојат во создавање на капацитети на површина од 4000 хектари во сахарската пустина. Истите ќе обезбедат и работа за најмалку 6000 лица, а ќе произведуваат 170.000 тони свежа храна секоја година.

Ако овие планови се реализираат, Сахара се соочува со нова, зелена ера.

8_1459626353

- Реклама -