Ако слушнете дека комбинацијата од зелени бои ќе бидете апсолутен хит за претстојната есен 2012 година, тогаш не грешете со мислите дека треба да јадете повеќе зелени зеленчуци.
Откако лидерот во индустријата на бои Pantone, за доминантни сезонски бои прогласи две нијанси на зелена, оваа боја е сепрустна во модните продавници, улиците, но и на дизајнерските ревии ширум светот.
Конкретно, станува збор за нијансите Ultramarine Green (Pantone 18-5338) и Bright Charteuse (Pantone 14-0445), кои според Pantone се лидерите меѓу различните нијанси на оваа боја. Нивни различни комбинации на облеката се видливи насекаде, а најчесто станува збор за спој на фустан или маичка во ловечка зелена боја, комбинирани со модни додатоци во боја на зелен лимон или мента.
Дури и да не сте личност која обожава облеката да ја носи во склад што ќе се граничи со модна перфекција, овој тренд е особено шик и едноставен за носење. Всушност, облеката во зелена боја е одличен начин за премин од летна гардероба во есенска.
Важно е да не заборавате дека ако се одлучите едно зелено парче да биде во дреч-боја, останатиот зелен дел на облеката нека биде смирен и лежерен. Помалку храбрите, пак, може да облечат едно зелено парталче и да ги налакираат ноктите во боја на мента, која е неверојатно ин во минатите неколку месеци.