Иако овие бредови на ресторан и кафуле ги немаме кај нас, сепак не значи дека и другите се нешто различни.
Инфрографикот кој ги брои калориите покажува дека Старбакс е всушност “течна брза храна“.
Новата серија на инфографици открива шокантни количини на калории кои ги содржат пијалоците во Сарбакс, изедначувајќи ги со брзата храна.
Ryoko Iwata (34) од Сиетл ги создал илустрациите и ги објавил на својот блог ’I Love Coffee’ во обид да ги охрабри луѓето да направат правилен избот на здрав пијалок.
Една слика покажува дека голема чаша зелен чај-лате изненадувачки содржи иста количина на калории (350) со среден оброк помфрит од Мекдоналдс, додека кафе лате (190) се изедначува со парче пица.
Погледнете ги останатите илустрации.