Американската вселенска агенција (НАСА), објави на интернет интегрална содржина на златни плочи со снимени звуци од Земјата, кои ги испрати во 1977 година, во сондата Војажер 1 и 2, за да ги пронајде некоја напредна вонземјанска интелигенција, па на тој начин да се запознае со нас и нашата планета.
Меѓу аудио записите се наоѓаат поздрави на 55 јазици, како и звуци од земјени секојдневија – звукот на ветрот и дождот, воз, автомобили, но и звуците на мајмуните и слоновите.
На златните плочи се снимени и 27 музички нумери, од Бах до Чак Бериј и Луис Амстронг, од сенегалски до кинески мелодии.
Звучниот запис е дополнет со 116 фотографии од најпознатите глетки на Земјата, шеми за соларен систем и објаснување на нашиот дигитален систем.
Сите снимки, слушнете ги ТУКА.