Здравко Чолиќ ја искоментира врската на хрватската пејачка Северина Вучковиќ со 15 години помладиот Игор Којиќ, поранешен српски голман.
Чолиќ навел дека го познава семејството на Којиќ, и дека таквите афери на естрадата се нормални.
Сепак, Чола во таа прилика додал дека тој никогаш не трчал по „пилиња“, па идиректно дал до знаење дека не ја поддржува оваа врска, пишува српски „Блиц“.
– Јас сум познат по тоа дека не сум склон кон девизата – помладото е послатко – рекол Здравко Чолиќ.
Северина и синот на српскиот пејач Кеба се во врска нешто повеќе од четири месеци, а неодамна за еден српски магазин ја обелоденија љубовта.
Пејачката неодамна, како што напиша „Блиц“, го запознала својот син Александар со своето ново момче Игор.