Познатиот пејач Здравко Чолиќ и почитуваниот музичар Горан Бреговиќ се чини имаат повеќе заедничко од љубовта кон музиката.
Музичарите заедно служеле војска, судејќи според фотографијата на која позираат заедно во војничка униформа.
На официјалниот Фејсбук профил на Здравко Чолиќ е објавена фотографија на која стои во друштво на другарите од војска. Интересно е што еден од нив е всушност еден од најдобрите музичари на поранешна Југославија- Горан Бреговиќ.
Чолиќ и Бреговиќ во нивно време биле многу популарни со својата музика во цела Југославија. Чолиќ бил многу убав, згоден и ги маѓепсувал срцата на многу жени. Бреговиќ со својата група „Бјело дугме“ беснееше низ овие простори.
Никој не знаеше дека овие двајца биле во војска заедно. Ни денес ова не е потврдено. Можеме само да претпосавуваме како Бреговиќ стигнал на сликата на Чолиќ од војска, и тоа во исто друштво.