Здравко Чолиќ по гаќи на аеродром

Балканскиот пејач Здравко Чолиќ доживеал огромна непријатност при полетувањето на концерт во Загреб, додека минувал низ детекторот за метал.

На секоj обид да помине, апаратот детектирал метални предмети, дури и откако пејачот се ослободил од се што носел во рацете.

„Имено Чола неколку пати минуваше низ метал детекторот и никако не можеа да сфатат поради што апаратот константно покажува дека тој има некој метален предмет кај себе. Личните предмети не покажаа никаков проблем на скенерот, но кога тој самиот минуваше низ апаратот тој постојано пиштеше, што значеше дека Чола не може да влезе во авионот додека проблемот не се среди. Сите полека влегоа во авионот, а Чола и понатаму се соблекуваше, додека буквално не соблекоа се од него за да сфатат дека проблемот го предизвикуваат металните копчиња на неговите панталони. Тогаш го пуштија, а авионот со задоцнување полета за Загреб“, велат оние кои го просведочиле настанот.

Screenshot_87 Screenshot_1112

 

- Реклама -