Хрватскиот писател не може да се изначуди со каква леснотија слободари од Запад и демократски општества почнаа да се одушевуваат од ефикасноста со која тоталитарни држави се справуваат со епидемијата. Па потсетува: дечки, тоталитарните држави во сè се поефикасни. Демократија има смисла само кога ѝ служи на слободата.
Аналитика: Што оваа пандемија зборува за нас и за ова време?
Јерговиќ: Не знам што зборува, ако воопшто нешто зборува. Можеби најмногу од сè дека сме пречувствителни. Ќе го повторам она што го реков на почетокот на пандемијата, молејќи ги епидемиолозите да ме демантираат ако грешам: да се појавеше ковид-19 пред 30-тина години, ќе останеше незабележан, и – иако веројатно малку побавно – исто ќе се раширеше по светот. Ќе умреа повеќе луѓе отколку што ќе умрат сега, но тоа никој не би го забележал, како што и денес не се забележуваат и не се бројат луѓето кои умираат од глад или од некои неатрактивни болести на сиромаштијата, од колера, на пример. Да се појавеше пред 30 години, ковид-19 ќе беше третиран како некоја таинствена вироза од која гинат главно луѓе кои и онака се болни а кои по правило се па уште и стари.
Денес, меѓутоа, за него сè знаеме, пред него стравуваме и живееме во средновековни карантини, зад цврсто затворени општински, регионални и државни граници, а некаде богами има и полициски час.
Продолжете на офф.нет