Здрави додатоци во исхраната

Храната е и отров и лек, а само повременото консумирање на некои намирници може значајно да го подобри квалитетот на вашиот живот. Еве кои се тие:

Црвена пиперка

piper_large

Зачинете ги оброците со мелен црвен пипер кој го забрзува метаболизмот така што ги согорува мастите и овозможува вашето тело побрзо да ги преработува маснотиите. Додајте црвена пиперка како додаток во пилешката маринада и на тој начин ќе им ги дадете на мускулите потребните протеини.

Кељ

kelj

Ако барате начин да го смените вкусот на салатата додајде листови кељ. Измештајте ги со маслиново масло и лимонов сок што ќе ги омекне листовите, а потоа додадете суво овошје. Овој вид на зелка е богат со витамини.

Семе од жалфија

najpoznati-prirodni-antibiotici-113108

Семето од жалфија содржи здрави маснотии и е одличен извор на омега 3 масни киселини. Помага во контролирањето на притисокот и крвта, го подобрува расположението, здраво е за срцето и го намалува холестеролот. Додајте го семето во овесна каша или било кој пченичен производ и изедете го со безмасен јогурт.

Ореви

orevi1

Оревите се богати со влакна, магнезиум и антиоксиданси како што е витаминот Е. Ја подобрува циркулацијата и помага кај нискиот крвен притисок. Може да го додадете во салата и овесна каша.

Путер од бадеми

18506_11111_iff

Путерот од бадеми е полн со здрави масти и протеини. Ако сакате путер без дополнителен шеќер и конзерванси ова е вистинскиот избор. Одличен додаток е во подготовката на сендвичи и може да биде вкусен на кришки јаболки како и на крекери.

- Реклама -