Здрава храна

Да се храните здраво, не значи да бидете на строга диета, да бидете екстремно слаби и да се откажувате од храната која најмногу ја сакате. Хранете се здраво, пред сѐ за се чувствувате убаво, за да имате повеќе енергија и за да го стабилизирате вашето расположение. Доклку ви е преку глава од кои „експертите“, кои постојано ви велат која храна е добра за вас, а која не, верувајте дека не сте единствени.

Еве неколку совети како да се исхранувате здраво, вкусно и разноврсно.

Подобро е да преземете неколку мали чекори отколку да се одлучите за една голема промена.

Наместо постојано да се заморувате со броење на калориите кои ги внесувате и да ја мерите големината на чинијата, повеќе обрнете внимание на бојата, разноврсноста и свежината на храната. На овој начин, секогаш ќе изборот за здравата храна ќе ви биде полесен. Одбирајте ја храната која ја сакате и наоѓајте лесни рецепти кои содржат најмаку 5 свежи состојки.

Постепено вашата исхрана ќе стане поздрава и повкусна.

Започнете менувајте ги навиките за јадење со тек на времето полека и постепено.
Да започнете со строга диета преку ноќ, не е ниту паметна ниту реална идеја. Менувајќи ги целосно навиките, може да довете до откажување за многу кратко време. Правете ситни но корисни чекори. На пример, додавајте салата (еден или неколку зеленчуци) еднаш или повеќе пати во денот или почнете да готвите со маслиново масло наместо со обично.

Откако овие мали чекори ќе ви станат навика, тогаш ќе продолжите да правите уште поздрави чекори во вашата исхрана.
Секоја промена која ќе ја направите со цел да ја подобрите вашата исхрана, значи многу.
Не треба да ги елиминирате сите производи кои ги сакате и во кои уживате со цел да се храните здраво. Долгорочната цел, сепак треба да биде да се чувствувате добро, да имате повеќе енергија и да го намалите ризикот од канцер и други заболувања. Не дозволувајте отстапките да ве исфрлат од колосек, секоја здрава храна која ќе ја внесете вреди многу.

- Реклама -