Здрав омлет со грашок

Овој вкусен предлог може да биде одличен појадок или вечера.

За да го подготвите, потребно е да набавите:

Состојки

2 големи жолчки од јајце

1 цело јајце

1 лажица крем сир

30 г. путер

100 г. замрзнат грашок

1 лажица сецкан магдонос

сол

бибер

Подготовка

Земете ги жолчките и јајцето, додадете сирење и помешајте.

Не грижете се ако останат грутки од сирењето, така треба да биде. Во тавче стопете путер, па на него испржете го омлетот така што ќе личи на палачинка.

Во меѓувреме згответе го грашокот.

Кога омлетот ќе биде речиси готов, на центарот ставете магдонос и грашок, посолете и побиберете по желба.

Тавчето поклопете го и оставете да се пржи на средна температура една минута.

Вашиот омлет е подготвен.

365 ви посакува пријатно јадење.

- Реклама -