Здолништата што некогаш беа резервирани само за деловен и класичен стил, денес се омилен избор и за дневен и вечерен стајлинг.
Здолништата со молив крој својата популарност ја заслужија благодарение на тоа што и ласкаат на женствената фигура, ги нагласуваат колковите и секоја силуета ја прават заводлива.
Овие здолништа лесно се комбинираат за деловен изглед со кошули и палта, но може да ги носите и за вечерно излегување со краток топ. Одлично функционираат со високи потпетици, чизми и балетанки, а предводничките на „street style“-от храбро ја комбинираат со патики.