Збор-два за дронот од 100.000 евра што ќе снима загадување над Скопје

Како што најавија скопските власти, од следната година изворите на загадување на воздухот во Скопската котлина ќе се откриваат со дрон. Проектот ќе се реализира во три фази: Во првата е предвидена набавка на беспилотно летало – дрон и соодветен хардвер, во втората е предвиден развој на софтвер за собирање, обработка и прикажување на податоците, а во последната фаза би се спровело тест сценарио и би се формирала тест база. Веста можете да ја прочитате ТУКА.

Се проценува дека набавката на системот за четиридимензионално следење на загадувањето ќе чини околу 6 милиони денари, т.е. околу 100.000 евра. А според реакцијава на извесен твитер профил под псевдоним „Kovaч“, тоа е само еден од проблемите околу проектов на Град Скопје. Не сме експерти, ама критикава ни звучи сосема издржано, макар и само првата реченица. Ја пренесуваме, ако ништо друго, за да се види како всушност неефикасно, да не речеме расипнички, работат нашиве ни власти. Актуелни или бивши – сеедно. Менталитетот е муабетот. Пазете ова:

И сега сигурно ќе се најде некој паметен и ќе рече: Лесно е да се критикува, ама ајде дај решение. Епа „Kovaч“ има предлог и за тоа. Не сме експерти, ама ни звучи разумно:

 

- Реклама -