Збогум пријателе!

 

Фотографијата е дело на 63 годишниот Џон Д. Ченеј кој за време на сафарито во Боцвани наишол на труп на слон, опкружен со животни и хиени. Нивниот водич ги повикал вработените во паркот да го тргнат за да не заврши во погрешни раце, но тогаш ги нападнала женка слон, која дотрчала до телото и ги избркала животните кои го опкружувале.

Ченеј додава дека тој и сопругата речиси се расплакале кога виделе како слончицата со часови пази на лешот на своот пријател и се простува со него, држејќи го со сурлата.

Фотографијата е направена уште во 2007 година, но лани Ченеј ја пријавил на натпреварот на Национална Географија. За жал, не влегла во конкуренција поради годината кога е истата фотографирана, но доби посебни пофалби од жири комисијата.

- Реклама -