Трпезариска маса која ги полни со енергија сите електрични уреди поставени на неа, а со самото влегување во просторијата вашиот мобилен телефон во џебот почнува сам да се полни, наскоро ќе стане реалност. Компанијата "PowerBeam" го промовира својот нов производ, бежичен систем за преност на енергија низ воздухот.
Трпезариска маса која ги полни со енергија сите електрични уреди поставени на неа, а со самото влегување во просторијата вашиот мобилен телефон во џебот почнува сам да се полни, наскоро ќе стане реалност. Компанијата "PowerBeam" го промовира својот нов производ, бежичен систем за преност на енергија низ воздухот.
Нема веќе да има потреба од батерии, полначи и куп кабли по подот, благодарејќи на овој најнов производ кој беше дел од програмата на Меѓународниот саем за електроника кој се одржа од 8ми до 11ти Јануари годинава во Лас Вегас.
Системот кој го промовираше Калифорниската компанија, ја претвора електричната струја во ласерски зрак кој како топлотен бран се шири низ просторијата и се насочува до соларните ќелии на електричните апарати. Топлината повторно се претвора во електрична енергија и овозможува непречена работа на уредите.
Накоро ќе може да се купи и масата која ќе ги полни со енергија сите електрични апарати поставени на неа, како на пример вашиот лап топ. Кога секоја соба би имала бежичен пренос на енергија тоа значи дека со самото влегување во просторијата вашиот мобилен телефон и mp3 плеер во џебот почнуваат да се полнат. Полначите веќе не ви се потребни!
Стручњаците веруваат дека е ова само почеток на развојот на бежичниот пренос на енергија и дека бежичниот електрицитет, или како некои го нарекуваат WiTricity, ќе претставува вистинска револуција за системот на напојување. Во светот на каблите корисниците на компјутери ќе можат секогаш да бидат на извор на енергија. "Зборот "напојување" ќе го избришеме од речникот. Ако вашиот мобилен телефон цел ден се полни на вашето биро, веќе нема да мислите на полнач" – изјавува Дејвид Грејем, еден од основачите на PowerBeam.
Ласерот создава струја со јачина од 1 до 5 вати, која ги покренува соларните ќелии на далечина од 10 метри. Таа количина на енергија е доволна за малите звучници и LED осветлувања, но сеуште не е доволна да ја покрене работата на еден лаптоп. На лаптопот му е неопходна струја од 30 до 50 вати, но во PowerBeam веруваат дека наскоро ќе успеат да ја појачаат струјата.
Производителите тврдат дека ласерите кои само ја пренесуваат енергијата од едно на друго место не штетат на здравјето на корисникот. Иако многу луѓе се загрижени од поврзаноста на електромагнетните бранови со развојот на тумор, научниците истакнуваат дека емитираната енергија ќе ја примаат само уредите кои се дизајнирани за резонантно поле. Ако се случи некој да помине низ ласерскиот зрак, тој би се прекинал на милисекунда, а потоа повторно би се вклучил, кога просторот е слободен.
Технологијата гарантира и енергетска ефикасност затоа што уредите би се полнеле само кога е тоа потребно.