Сараевскиот пејач почина во болница во Загреб, по компликации што настанале како резултат на неодамнешната трансплатација на бубрег.
Пејачот Кемал Монтено почина на 65 години, во 11 часот на 21.01.2015.
Оваа информација ја потврди и менаџерот Гане Пецикоза, кој истакна дека пејачот починал поради компликации од трансплатацијата.
Монтено бил сместен во клиниката во Загреб поради температура, која не се спуштала со денови.
Сараевскиот кантавтор, кој во средината на декември по повеќегодишно чекање конечно направи трансплатација, по Божиќ качил висока температура. Наместо во Шпанија, каде требал да отпатува на краток одмор, Кемал завршил во болница.
Потсетуваме, Кемал Монтено пред две години преживеа инфаркт, а со години одеше на дијализа, после која следеше операцијата, кон средината на декември.
Почивај во мир.