Завршува грејната сезона, ако температурите паднат под 12 степени системот повторно ќе биде вклучен

За утре, според податоците од УХМР, од Регулаторна велат дека нема услови за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на тарифните потрошувачи бидејќи прогнозираната средна дневна температура во Скопје ќе биде 19 степени

Грејната сезона завршува денеска, но доколку има потреба и надворешните температури се спуштат, системот за топлинска енергија повторно ќе биде вклучен, информираат од Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ).

Од РКЕ додаваат дека до крајот на април, со оглед на тоа што настапува преоден период, на дневно ниво ќе ги известуваат топланите дали се создадени услови да биде вклучен системот.

Согласно правилата за снабдување и членот 45, од РКЕ велат дека секој пат кога прогнозираната температура е 12 степени или пониска се дава налог дека се создадени услови да се започне со производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на тарифните потрошувачи.

За утре, согласно добиените податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од РКЕ велат дека нема услови за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на тарифните потрошувачи бидејќи прогнозираната средна дневна температура во Скопје ќе биде 19 степени. 

- Реклама -