Хрватска реши да се откаже од турските серии.
Имено, по помалку од 15 епизоди, хрватската тв Нова ќе откаже две познати турски серии, а по четири сезони кои беа прикажани во две години, деновиве на хрватската телевизија РТЛ ќе се емитува последната епизода на „Сулејман Величествениот“.
Засега во програмата на оваа телевизија нема најави за нови ориентални сапуници, зашто телевизијата која ги внесе турските серии на хрватскиот пазар одлучи да направи пауза.