Зависен од сексот? Не е смешно

Кога ќе кажеме дека некој е зависник од секс, веднаш си правиме забавни интерпретации со кул типови како Чарли Шин опкружени со голи палави моми што тверкаат околу нив. Всушност, вистината е многу поинаква и се работи за болест што е доста сериозна.

618x346

Д-р Брант Денг објаснува дека ова е ненаметлива болест која оди рака под рака со депресија, злоупотреба на дрога, емоционални трауми, како и страдања.

Јавното внимание сепак е повеќе фокусирано на количината на секс, отколку врз факторите кои што ја предизвикуваат болеста.

Медицинската наука често го негира постоењето на зависност од секс или т.н. “Хиперсексуално нарушување”. Многу здравствени специјалисти, вклучувајќи психолози и излекувани пациенти, инсистираат оваа ситуација да се промени, односно зависноста на половиот акт да биде вброена во листата на ментални нарушувања.

При развиена зависност, половиот контакт често пати не е пријатно искуство за поединецот, за разлика од популарното интимно задоволство и физичко уживање. Покрај тоа, погрешно е да сметаме дека зависниците се такви, само затоа што многу го сакаат сексот.

Заблудите

Д-р Рори Рид, професор по неврологија и човечко однесување, истакнува една од митологемите со кои општеството неправилно се служи – многу мажи ја користат болеста како изговор дека го изневеруваат партнерот.

Женкарите преферираат да велат дека се “зависни од своите потреби”, наместо да преземат одговорност за своите постапки како рационални и зрели личности во врска. Истото важи и за политичарите – ако ги слушате, тие никогаш не се виновни за секс-скандалите во кои се вклучени, туку само го задоволиле својот физички нагон.

„Кај зависноста од секс не станува збор само за секс, како што и кај нарушувањата во исхраната не станува збор само за храна, а при коцкањето – само за пари”, додава Рид.

Страдалниците постојано треба да управуваат со процеси кои го разгоруваат нивното сексуално, на моменти дури и агресивно однесување. Овие луѓе не сакаат само уште една бројка во кревет, туку се борат со невидливи повреди, загрижувачки синдроми, различни зависности, ментално растројство.

Тие доживеале нешто како апстиненција, сексот се претвора во прогонувачка мисла која ги опседнува и измачува, а често пати распалува во нивните глави самоомраза и одвратност.

Не треба да има конкретен објект на желба, напротив – налетите може да се предизвикани од предмет, мирис, фетиш, вoајeрство.

Научниците ја опишуваат состојбата како “замолчување на задоволство”, при што мозокот едноставно не ја сфаќа таа емоција, бидејќи достигнува невозможни нивоа.

“Не гледам во нив можност да запрат. Мозокот мисли само за тоа и покрај чувството на срам и болка. Како резултат на тоа, овие луѓе редовно паѓаат во депресија, се изолираат”, коментира Џон О`Нил, советник на сексуално зависни во Хјустон.

Последиците?

Мажите (пациентите обично се од машки пол) остануваат без егзистенција, бидејќи, на пример, гледаат порно на работното место или не ги исполнуваат своите должности, таложат долгови бидејќи морале да плаќаат за проститутки, се разведуваат ако имаат семејство, или ги губат најблиските.

Рори Рид раскажува за пациенти кои ги трошеле сите пари на платена љубов, но не можеле да престанат.

Еден сексуално зависен може да има исто однесување како еден наркозависник или алкохоличар. Понекогаш страдаат и си нанесуваат болна штета со агресивна мастурбација до крв или непристојно однесување на јавни места.

Некои од нив навистина го допираат дното. Кога светот околу нив се распаѓа, тие добиваат олеснување дека манијата им е откриена, не мора веќе да се кријат и да се срамат од себе.

Следниот чекор е третманот

Тука обично има две методи – индивидуална терапија и учество во клубови на сексуално зависни. Поддршката на семејството или интимната партнерка е многу важна во овој поглед. При оваа зависност целосна апстиненција не врши работа – целта е пациентот да се научи да ги контролира своите нагони, а не воопшто да не мисли за секс.

Се проценува дека само во САД луѓето со “хиперсексуално растројство” се 30 милиони. Тоа е сериозна бројка, но очигледно уште не сме ги сфатиле вистинските димензии на проблемот.

- Реклама -