Затвореници одбиваат да си заминат поради јадењето

prisonersЕве една не толку ’Парис Хилтон’ приказна: Затвореници на еден индиски затвор одбиваат да си заминат од него поради добрата храна!


hare-khrisnaЕве една не толку ’Парис Хилтон’ приказна: Затвореници на еден индиски затвор одбиваат да си заминат од него поради добрата храна.

Затворот во Бангалоре е двојно преполнет над својот капацитет и служи храна спремена од интернационалното друштво на кришна верници.

Ситните крадци одбиваат да платат кауција или да си одат, а малолетните криминалци ја лажат полицијата дека се полнолетни за да одат во затворот за возрасни каде храната е одлична.

Ручекот и вечерата обично вклучуваат ориз, зеленчук и зачинето јадење. Десертот се служи само еднаш неделно или на национални празници.

Прочитајте и:  Се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за експлозијата во Керамидница

“Кога ни даваат хранлива, вкусна храна 3 пати дневно овде, тогаш зошто да излегуваме надвор и да вршиме криминални дејствија“ – вели Раџа Реди, кој бил апсен повеќе од 20 пати за 30 години поради кражби.

- Реклама -