Затворенички на моралот

Во Авганистан непознат број жени се во затвор поради т.н. морални злосторства – нејасен термин администриран во случаи кога тие избегале од семејно насилство или принудни бракови, обвинети се за предбрачен секс или преживеале по насилна проституција или силување.

zatvor-zeni1

Обично оние кои вршеле насилствата врз овие жени, се на слобода, а жртвите се во затвор, често бремени и со кревка надеж за својата иднина и онаа на нивните деца. Полско-канадскиот фотограф Габриела Маж поминува 4 години во посета на авганистански жени зад решетки.

zatvor-zeni2

Обично од 5 до 10 лица делат една ќелија. Габриела седела заедно со нив, ги слушнала нивните приказни и ги сликала кога добивала дозвола. Портретите на авганистанските затворенички на моралот се собрани во нејзината книга “Almond Garden”.

zatvor-zeni4

За првпат Маж посетува авганистански затвор во 2010 година поради задача. Набргу потоа сфаќа дека не може да се ослободи од приказните кои ги слушнала, па ги поминува следните неколку години во упорно пребарување на пристап до местата за лишување од слобода.

zatvor-zeni5

Поради фактот што е жена, таа не претставувала никаква закана за локалните власти, па често останувала насамо со затвореничките, во присуство само на преведувач. Постојано и се случувало надзорниците да и се исмејуваат дека се однесува со потребната грижа и го цени нивното достоинство. Фотографката веднаш била погодена од нетрпеливоста на жените околу себе. Многумина не сакале да бидат фотографирани, но секоја била задоволна од укажаната можност да раскаже што и се случило. Габриела претпоставува дека овие жени никогаш не разговарале со некој подготвен да ги ислуша.

zatvor-zeni3

Понекогаш, сепак стравуваат дека споделувањето може да ги доведе во опасност. Додека едни говореле, други тивко набљудувале како фоотографката ги интервјуира нивните сестри по судбина. Маж ветила дека нема да објавува фотографии или цитати без дозвола на затворениците жени. Така и направила.

zatvor-zeni6

Затвореничките, објаснува фотографката, немаат униформи што им овозможува до одреден степен да го задржат својот идентитет. Таа додава дека здравствената и психијатриската грижа се на ужасно ниво.

Затворените жени често станувале предмет и на сексуално насилство од страна на стражарите, додека се соочуваат со предизвикот да одгледуваат деца зад ѕидовите на затворот. На прашањето што ќе прават откако ќе излезат оттаму, многумина одговарале “Ќе бидам убиена”.

zatvor-zeni7

Еден од најпознатите -страшни аспекти не е самиот затвор, туку фактот дека по ослободувањето една жена се соочува со одрекување од нејзиното семејство и завршува божем на слобода, но без место кое би можела да го нарече дом.

Маж вели дека се обидела да одржува врска со затвореничките преку хуманитарни работници, но штом еднаш го напуштат затворот, повеќето од овие жени се водат како исчезнати.

zatvor-zeni8

Некои наоѓаат прибежиште во засолништа или се селат во поголемите градови. Според зборовите на Маж барем две жени биле убиени од страна на членовите на семејството. Станува збор за т.н. убиства на честа. Во овие случаи се смета дека тие, а и нивните деца се голем срам за семејството и општеството во кое што живеат. За многу од нив невозможен е мирен и безбеден живот по затворот.

zatvor-zeni9

- Реклама -