Ако сте фан на алкохолот, сигурно имате барем неколку ситуации од кои се срамите и би го вратиле времето за да ги поправите. Треба да имате во предвид дека лошите спомени не се најлошата варијанта. На пример, еден британски студент, заради пијанство, си ја стопи раката.
Една неодамнешна вечер, студентот излегол со другарите и испил неколку тури.
„Флаши водка и пиво летаа насекаде околу нас, па малку претерав. Кога се вратив бев начукан и заспав до радијаторот кој беше студен во моментот“, вели младиот авантурист кој реши да остане анонимен.
Иако во моментот радијаторот бил исклучен, се уклучил во текот на ноќта. 21-годишникот признава дека морал буквално да се „одлепи“ кога се разбудил утрото. „Помислив, господе, раката ми е залепена за радијатор! Што ќе правам? Морав да се одлепам. Навистина болеше“.
Па, учете од туѓите грешки. Можете повремено да претерате, ама не спијте до радијатор, ако не сакате да изгледате вака: