Засилени се мерките за безбедност во Женева

Властите во Женева трагаат по шест лица осомничени за врски со тероризам, а мерките за безбедност и надзор на ранливите места се засилени.

Властите потврдија дека терористичката закана во градот од “неодредена” прерасна во “конкретна”.

56696570c361880a6a8b45e1

“Бројот на патролите е зголемен бидејќи сме во активна фаза на потрага. Заканата е многу конкретна “, изјавил портпаролот на МВР.

Три дена пред традиционалната церемонија во градот министерството не планира да го поништи настанот, но ќе ги зголеми мерките за безбедност. Други ранливи места како аеродромот и станицата се исто така под засилена контрола.

Осомничените немаат врска со нападите од Париз

Швајцарската полиција соопшти дека нема информации за врска меѓу осомничените кои се барани во Женева, со оние од нападите во Париз.

Претходно извори од Женева изјавија дека властите го зголемиле нивото на тревога во градот и трагаат по осомничени во врска со истрагата на нападот од 13-ти ноември.

- Реклама -