Интернет е место за забава, место каде можете да ги најдете сите потребни информации, нешто да купите, а и поголемиот дел од работата денес се извршува преку интернет. Меѓутоа, колку е корисен толку е и штетен, пред се’ заради вирусите кои кружат. Еве накратко неколку совети како безбедно да сурфате на интернет.
Изгледа дека секоја недела се појавува по еден опасен вирус. Го окупира вашиот компјутер, ја успорува неговата работа, а некогаш може дури и да го уништи. Може да се прошири и на вашиот email адресар и да ги зарази и компјутерите и на вашите колеги.
Грешки кои треба да ги избегнувате кога користите интернет:
– никогаш не отворајте мејлови од непознати праќачи, освен преку webmail налог;
– никогаш не симнувајте т.н. .exe фајлови (тоа значи дека текст фајловите и архивот се во ред, а останатото не е);
– скенирајте го секој фајл што сте го симнале со програмата што ја користите за проверка на вируси;
никогаш не кликајте на линк кој не се поклопува со изворот;
– секогаш користете pop-up блокада!
Антивурис програмот е нешто што задолжително мора да го имате. За оние кои не сакаат секоја година да плаќаат претплата, на располагање имаат бесплатни програми, како:
– Google – Google Pack ;
– Microsoft – Malware Software Removal Tool ;
Она што треба да го имате на ум е дека и во случај да ги применувате сите наведени правила, без антивирусен пакет вашиот компјутер е секогаш отворен за напади.
Во најголем број вирусите се добиваат преку email и тоа со отворање на атачменти. Повеќето се безопасни, на пример вирусот не може да се прошири преку слика (.jpg, .gif), видео (.mpeg, .mpg, .mov) или аудио фајлови (.mid, .wav, .mp3), затоа што фајловите се третираат исто како и текстот во пораката, но постојат екстензии кои кријат вируси .EXE, .COM, .BAT и нив оперативниот систем ги препознава како програми. Како такви дозволена им е контрола над процесорот, меморијата, хард дискот и се во можност да го опустошат вашиот систем доколку се направени со лоша намера. Се’ што примате со некоја од овие екстензии е несигурно, па дури и да ви стигнало од пријател.
.ZIP
Зипованите фајлови се најчест начин за праќање на поголема количина податоци. Содржината на .zip фајлот е лесно да се провери со WinZip.
.VBS
Ова е Visual Basic Script и по правило секогаш носи вирус. Веднаш бришете го!
.DOC, .XLS
И Word и Excel документите понекогаш може да носат вируси и тие се исклучок од правилата дека податоците не можат да наштетат. Одете во Tools – Options и кликнете на General tab. На крајот е полето Macro virus protection. Обележете го. Така секој пат кога ќе посакате да отворите документ кој содржи макро, ќе добиете известување и можност да го видите без макро, што пак, значи да VBS нема да биде отворен и активиран, а вие и без тоа ќе можете да го видите својот документ.
Ако користите Microsoft Outlook Express, инсталирајте некој друг email клиент и овој веднаш избиршете го. Express има грда навика да го отвора секој атачмент без никаква "дискриминација" што вам не ви дава никаква заштита. Има два начини како да се заштитите од email вирусите. Едниот е да ги користите email филтрите, што и не е баш лесно секогаш добро да се постават, а другиот е да отворите нов налог на некои од многубројните бесплатни сервери како Yahoo, Hotmail или Gmail. Овaa адреса давајте им ја на луѓето кои не ги познавате или кога се регистрирате на некој сајт, но својот домашен налог чувајте го само за оние на кои им верувате. Бесплатните сервери секогаш имаат контрола над вирусите.
Секој пат кога не сте сигурни за некој фајл, бидете внимателни и избришете го. И за крај најважно е секогаш да сте спремни и свесни дека постои ризик и ништо не препуштаjте на случајот.