„Заразени, незаразени, ќе седите тука! Кој преживее, преживее“, им велеле газдите на работничките во Штип

Со вкупно 127 потврдени случаи досега и 92 активни случаи на Ковид-19, заедно со денешните 16 новозаразени, Штип е на високото шесто место меѓу градовите со најмногу потврдени случаи и втор на листата со најголем број активни случаи, зад Скопје – со 459 активни случаи. Со тоа, Штип е еден од градовите во кои од вечер во 21 часот стапува на сила целосен полициски час кој ќе трае се до понеделник во 05 часот.

Ваквите бројки во Штип, како што е веќе познато, во голема мера се должат на ширењето на заразата во штипските конфекции.

Како што пишува „А1он“, кај вработените во конфекциите стравот од заразување со Ковид-19 е подеднаков со стравот дека ќе го изгубат работното место доколку не се појават на работа, иако од нивните сведоштва станува јасно дека притоа, пред се од страна на газдите, не се почитуваат уредбите и мерките за заштита од заразата.

Прочитајте и:  Штип одвои 1 милион денари за „Кристмас маркет“

Барањата газдите на конфекциите да се вразумат и да не го ризикуваат здравјето и животот на своите вработени не наидуват на разбирање, а за нечовечноста на која тие се подготвени зборуваат и преписките меѓу вработени до кои дојде „А1он“.

Во една од тие преписки, работничка раскажува:

„(Газдата) Ми вика: Заразени – незаразени, ќе седите тука, кој преживее, преживее. Решив да не одам на работа, ама не знам кој ќе ги рани децата зашто и онака останаа без татко“.

Други работнички се жалат дека не можат да им докажат на газдите колку многу се исплашени за своето здравје, особено што сите 200 работнички секојдневно патуваат во истите автобуси во кои се возеле жени што веќе се заболени… Прочитајте ТУКА.

- Реклама -