Студетка од Бостон, Андел Лара, живее живот кое е се само не обичен.
Всушност, таа не може да ја напушти куќата, а тоа да не биде проследено со извици на радост од обожавателите на популарната пејачка Ријана.
Андел (22) неверојатно многу личи на познатата пејачка, а цртите на лицето се речиси идентични.
Тоа нејзе очигледно и одговара и ласка, а тоа го покажува фактот што Андел многу се обидува да следи се што прави Ријана и ја копира од шминката, фризурата, бојата на коса… Но има и причина за тоа…
Поради големата сличност со пејачката, познати фирми се борат за неа за да ги рекламира нивните производи, пишува Daily Mali.
Бидејќи за тоа добива многу добар хонорар, Андел сериозно размилсува да ги напушти студиите и да стане „професионална двојничка“ на славната Ријана.
– Никогаш не сум мислела дека личам на Ријана. Гледам некои заеднички црти, но не како ги што гледаат другите- рекла студентката.