Жан Џулиен е познат француски илустратор. Тоа што Жан го прави толку добар се богатите дози на иронија и сарказам што ги внесува во секоја од своите илустрации.
Негова омилена тема, или поточно – тема што најмногу го засега, е растечката зависност на модерното општество од телефоните и друштвените мрежи, како и тоа дека таа зависност често и погрешно се толкува како знак на вистинска поврзаност меѓу луѓето.
Но илустрациите на Жан не се сведуваат само на веќе исклишираната тема на технологијата – Жан го исмева општиот апсурд на денешниот свет и живот, апсурд кој се провлекува низ себезаљубеноста, стравот од тоа да се биде сам, генералната грубост кон другите, евтиниот секс, измешаноста на приоритетите, превртеноста на нештата… Смешно е, ама и тажно.
Бонус: Каверот на неговата моногфарија со наслов „Модерен живот“.